Contact:

Kaneo.nl
Адреса: Banmolen 16
6049 GJ Herten
Nederland
Мобилен: +31(0)6 122 123 84
Вебсајт: kaneo.nl
Лице за контакт: Константин Петковски
Регистерски број: Стопанска Комора на Холандија: 12066658

Инвестирање во Македонија

"The Macedonian government has been extremely committed and I would like to thank its officials for their work in supporting this effort. I have no doubt that our partnership will yield excellent results for both Johnson Controls and the Skopje community."

John Barth, претседател и CEO на компанијата Johnson Controls Inc. за време на пуштање во производство на новата производна единица во една од 4-те технолошки зони во Македонија.

Дали знаевте дека топ приоритет на Македонската влада е привлекување странски инвестиции во Македонија?

Дали знаевте дека Македонија, во споредба со останатите европски земји, нуди најповолни даночни услови на странски инвеститори?

Дали знаевте дека Македонија, заедно со околните земји, формира потенцијален пазар ор 30 милиони потрошувачи и дека Југоисточна Европа како целина формира потенцијален пазар од 80 милиони потрошувачи?

Ова се само неколку показатели за предностите и деловниот потенцијал на Македонија.

Од прогласувањето на независноста на Македонија во 1991, бруто националниот производ расте со стапка од 3-5%.

Македонската економија е релативно мала но диверзифицирана. Сектори со силен потенцијал за развој во Македонија се:

  • High-Tech секторот
  • Индустриско земјоделство (овошје и зеленчук)
  • Текстилна индустрија
  • ИКТ секторот
  • Цвеќарство и градинарство
  • Енергетика
  • Метална индустрија
  • Хемиска и фармацевтска индустрија
  • Производство на храна и пијалоци
  • Тутунска индустрија и производство на цигари
  • Туризам

Инвестирање во Македонија – неколку позначајни точки:

  1. Македонија поседува висококвалифицирана работна снага, додека трошоците за работна снага се едни од најниските во Европа.
  2. Странските инвеститори во Македонија уживаат многу поволни даночно стапки при што даночната стапка на реализираните приходи е најниска во светот. Имено, таа изнесува само 10%. Покрај тоа, странски инвеститори кои би инвестирале во еден од четирите технолошки центри на Македонија уживаат посебни повластици како на пример 10-годишно ослободување од данок на профит.
  3. Македонија има стабилна монетарна политика со најниска инфлација во регионот.
  4. Македонија има одлична инфраструктура и зазема стратегиска местоположба на крстопатот на две значајни Европски транспортни коридори.
  5. Странските инвеститори во Македонија може да се сигурни во брзо и ефикасно обработување на сите релевантни процедури. Регистрирање на фирма во Македонија трае не повеќе од 4 часа, а сопственоста на странскиот капитал е гарантирана од државата.

Доколку и вие сте во план да инвестирате во Македонија, тогаш ние би можеле да ви ги понудиме следните услуги:

  1. Инвентаризација на вашите инвестициски потреби
  2. Истражување на пазар
    1. а. Можности за инвестирање
    2. б. Законодавство
    3. в. Даноци
    4. г. Работна сила
    5. д. Инфраструктура и транспорт
    6. ѓ. Погодна локација
    7. е. Партнери за соработка
  3. Преводи
  4. Репортажа: резултат на истражување на пазарот и потесна листа на поволни инвестициски можности.

Откако од нас ке ја добиете репортажата, се одлучувате дали да одите понатаму на овој пат. Доколку одговорот е позитивен, тогаш можеме во следната фаза да ви ги понудиме следните услуги:

  • Организирање на патување за Македонија за посета на институции, локации и потенцијални партнери за соработка.
  • Симултано преведување
  • Организирање и/или -во ваше име- водење преговори
  • Преводи
  • Пишување на интернационални проекти, доколку е потребно
  • Оперативна поддршка:
    • Селекција на добавувачи и партнери за соработка
    • Селектирање на погодна работна сила
    • Менаџирање на производство:
      • Превод на техничка документација, процедури и инструкции за работа
      • Трансфер на знаење и тренинг на персоналот во Македонија
      • Interim Management во почетната фаза на производство
  • Периодична евалуација, trouble-shooting и грижа по заокружување на работите.

Во склад со нашиот начин на работа, ние со задоволство договараме заедно со вас периодични точки на евалуација, така да вие сте секогаш осигурани дека вашиот проект се одвива според планот. Таму каде што е потребно, ги решаваме настанатите проблеми и водиме грижа за сите можни детаљи кои би требало евентуално да се завршат по заокружувањето на работите.

Contact